Skip to content
Jul 2 10

Продавницата на Т-Home

by nomce

Пред недела и нешто, мајка ми ме кандиса да купам нов нетбук, Acer Aspire One, затоа што компјутерот веќе цел месец не ми работи (хард дискот се расипа, го чекам под гаранција да ми го вратат).

Дента кога го купив (20 јуни), продавачката ми го кажа следново: компјутерот го добивам за месечна рата од 800 денари, на 18 рати (14100 денари е нетбукот), на телефонска линија, без ADSL интернет или Call & Surf пакет.  Супер, мене ми одговара. Поради технички проблеми со компјутерот, продажбата на мојот нетбук неможеше да биде внесена, па така не ни потпишав договор, само ми го дадоа нетбукот „на вересија“, и ми рекоа дека ќе ми се јават за да одам да го потпишам договорот.

Денес, ми се јавуваат, и ми кажуваат друга приказна: Компјутерот што веќе го користам, одел само со Call&Surf пакет, а не само на телефонска линија. Тетката што зборуваше со мене, почна да ми кажува чудни цени од 300 и кусур денари месечно за лаптопот, не знам колку за тој пакет, и таман ќе дојдело се, во границите на она што досега го плаќав (околу 400 денари ми доаѓа се вкупно – преплатата и тоа што сум користел телефон – а не користам скоро ич, + 800 ден за него = 1200, сума која бев подготвен да ја плаќам).

Понудата ја одбив, зашто не ми е прифатлива. Подобро ќе користам интернет од кабелски оператор, со брзини далеку помали од оние на Телеком, ама немам лимити барем, и немам ни договор фала богу (плаќам само ако сакам да користам, ако не, не морам).

Ми понудија друо нешто: Toshiba n100-125.  Океј, прифаќам, но не со рата од 1150 денари, како што ми понудија, и покрај толку грешки.

Очигледно, ни лаптоп не ми треба, ни ништо, ќе си го почекам хард дискот да ми стигне, а во меѓувреме ќе го вратам овој, сега веќе користен, нетбук. Размислувам да се префрлам на Неотел, или пак Космофон, зашто овие… не одраа начисто.

П.С. Планирав да направам EVN Калкулатор (зашто бев изреволтиран од сумата која што ми стигна на сметка – 4500 ден!? – повеќе од двојно од тоа што трошам) но тоа во некое друго време, кога ќе имам компјутер, кој ќе биде мој, и нема да може никој да ми го земе.

Feb 21 10

Книгите на владата (втор дел)

by nomce

Еднаш пишав за книгите овде. Изгледа не беше доста, па сега имаме нови проблеми:

Матрикс сините книги по Англиски се при крај, тоа што требаше од нив го научивме, сега треба да се префрлиме на Матрикс црвените. Професорката и директорот се јавиле и на почетокот на годината, и сега, да прашаат до каде се тие учебници, арно ама од таму нема одговор. Дали ќе ги купуваме повторно тие книги? Еднаш (сините) ги купивме, дали треба и овие? Немора да бидат со се корици, нека ни ги фотокопира Грујо, доста ни е тоа. :)

Еве како изгледаат:

Matrix Pre-Intermediate Matrix Intermediate Matrix Upper-Intermediate

Ако не сака Грујо да помогне, да прашам јас: има некој што продава црвена Matrix книга (Matrix Upper-Intermediate)?

Jan 6 10

Компјутерот на дланка

by nomce

Како затерав со овие нередовни пишувања.. но добро, училиштето си го направи своето. Пишував обработки до доцните часови, и потоа немав желба за ништо. Па нормално. :)

Сега, ќе ви покажам една идеја, со која што се занимавав последниов период, пред Нова Година.
Сите на своите компјутери имаме важни фајлови, кои понекогаш сакаме да ни бидат на дофат, а сме заборавиле да си ги земеме со себе на USB, CD, дискета, или пак, не сме ги качиле на Dropbox.
Заради тоа, ми дојде една идеја на ум: зошто компјутерот не го направам достапен на интернет? Едноставно, да ги можам да го симнам кој фајл сакам, кога сакам, да пуштам да се спушта некој торент, а сум го нашол кога сум бил кај братучеда ми, или пак, едноставно сакам да и помогнам на мајка ми, дека не знае да се снајде на компјутерот.

Што направив јас? Најпрвин, за да можам лесно да пристапам до компјутерот, зедов бесплатен поддомен од DynDNS, и го насочив да покажува на мојот компјутер.. Потоа, за да не трошам многу процесор и RAM меморија за да инсталирам Apache, најдов минијатурен сервер (iWeb Server), кој трши само 700KB меморија. Тука ја изградив страната (која што сакам да ми се отвори кога ќе ми потреба компјутерот, за да не памтам никакви дополнителни адреси, освен основната), која што изгледа како мени, за да можам брзо да го отворам фајл или торент менаџерот.

За да можам да пристапам на фајловите, исто така искористив едно минијатурно програмче, Everything. Всушност, тоа функционира како Live Search, или Google Desktop, само со една разлика, што ги идексира само имињата на фајловите и нивната локација, а не и содржината.  На мојот компјутер, со околу 200.000 фајлови, зазема само 10 MB меморија. Како додатна опција е и можноста за подигање на HTTP сервер, па го искористив тоа, и подигнав сервер на порта различна од 80, која ја користам за основниот сервер (iWeb), и која е стандардна за web страниците, односно HTTP протоколот.  Во основната страница го вметнав линкот до мојот друг сервер во ваков формат: mojotpoddomen.dyndns.com:porta (на пример, nomceta.dyndns.com:70). Со тоа што, кога ќе ја напишам адресата, nomceta.dyndns.com, и кликнам на линкот, автоматски ми се отвара фајл менаџерот.

Потоа следува уредувањето на линкот за remote control. За ова, го искористив бесплатното програмче UltraVNC (ако некој има подобра идеја за remote control преку web интерфејс од ова, слободно нека пише во коментари, ќе го истестираме и тоа). Набрзина се инсталира, нуди некои напредни опции, меѓу кои и опцијата за remote control преку web. Тоа се реализира преку Java аплет. Значи повторно, како и кај предходната програма, се креира сервер (пак на различна порта, за да може да функционираат), и адресата ја вметнувам во веб страната од погоре, за да не морам да помнам ништо. И повторно со истата адреса: nomceta.dyndns.com:5800 (сега е различна порта, од таа погоре. 5800 е стандардната порта на UltraVNC).

Следуваат торентите. Јас го користам uTorrent, па ќе ја опишам постапката за него, за другите не знам како е. Овде е многу едноставно. Мени Options, па од левата страна избирате WebUI. Го штиклирате она „Enable WebUI“, внесувате корисничко име и лозинка, и подолу ја штиклирате опцијата „Alternative listening port“, и одбирате која било, стандардната е 8080. Повторно истата постапка од погоре, го вметнуваме линкот во страната, овојпат изгледа вака: nomceta.dyndns.com:8080.

И за крај уште едно нешто, додатно: контролирање на музиката преку интернет (за Winamp и foobar2000) :)
Winamp: Инсталирајте го ова програмче/плагин, конфигурирајте ја портата, и стартувајте го серверот. Во останатите табови имате опции за тоа како да изгледа дизајнот, и некои други тракатанци.
foobar2000: Симнете го ова, и копирајте го едниот дел во папката каде што ви е инсталиран foobar2000, а другата во „C:\Documents and Settings\vasiot_user\Application data\foobar2000\“ Вклучете го foobar2000, одете во Settings>Tools>HTTP Control, и напишете на која порта сакате (стандардната е 8888). Подолу, ако се е во ред ќе ви напише „Yes, bind successful“. Повторно истата постапка од погоре, го вметнуваме линкот во страната: nomceta.dyndns.com:8888. Толку.
Ова е особено погодно кога имате, на пример бежичен рутер, па ве мрзи да станувате и сакате преку wifi-то на телефонот да ја смените песната.

За крај, ќе заборавев… Среќна Нова Година!

Oct 23 09

Dropbox

by nomce

Многупати ни потребал некој фајл на нашиот компјутер да го имаме на друго место, ама не сме го снимиле на USB стикот.  Или пак, случајно сме избришале фајл од компјутерот и неможеме така лесно да го вратиме.

Во вакви случаи, најдобро е да користиме некој онлајн сервис, како Dropbox. Исклучително е лесен и едноставен за користење.  Правите сметка на сајтот, и автоматски ви се доделуваат 2GB простор за складирање. Во зависност од вашиот оперативен систем, го спуштате соодветниот софтвер, кој ќе креира виртуелна папка во вашиот компјутер, каде што можете да ги ставите вашите документи кои ќе бидат достапни од компјутерот каде што ги ставивте, преку web интерфејсот, преку интерфејсот за мобилни (исто така и апликациите за нив), или преку другите компјутери каде што имате инсталирано Dropbox.
Можете да споделувате папки или податоци со други корисници, и можете да ги ставате вашите фајлови на јавни места, за секој да може да ги спушти (нормално, ќе треба да го споделите линкот кој ви го генерира сервисот).

Има многу добра поддршка, преку форуми, wiki сајт, FAQ…

Се на се, одличен сервис, ви го препорачувам.

Dropbox

Oct 5 09

Книгите на владата

by nomce

Нормално, знаеме дека Владата почна да дели бесплатни учебници (каде?), и „позитивните“ реакции на нивните корисници се повеќе излегуваат на површина (овде). Во тие учебници не смее да се пишува ништо, не смеат да се уништуваат… па добро, да се прашаме, за што тогаш ќе ги користиме? За привремени украси во домашната библиотека? Бар да ги објавеа истите и во PDF формат (е-книги), за сите бесплатно, и да немавме гајле..

Туку, друго ми беше муабетот. Денес, седам на час по англиски, професорката доаѓа и вика нешто за книгите (истите од предходната година, Matrix сини), биле пополнети од предхнодните, па нема да сме учеле и сл. Јас преку роднини успеав да ја набавам книгата (и треба да ја вратам, поради матуриве!) затоа што во Охрид учевме по нова верзија, New Matrix, па го избришав пишаното со молив, но не и со пенкало (да ја уништам книгата со коректор?), и професорката почна нешто да ми вика, изнервирана…

Кој е кривиот овде? Јас сигурно не сум. Професорката, и те како е во право. Родителите барем ич. Пак останува кривицата на владата, зашто не успеа да ги синхронизира училиштата, сите да учат од исти книги (не отидов во Америка, во Охрид отидов). Епа затоа, јас ќе ја замолам истата таа влада, да ми ја фотокопира книгата, или да ми купи нова, за да можам јас да пишувам во неа. Дотогаш, нема да ја бришам книгата и ќе учам од неа, каква и да е.

Oct 3 09

Медиумите и авторските права

by nomce

Google тајнички. Насловот на една од статиите на локалната (Охридска) телевизија ТВМ. Во неа, се опишува како преку Google може лесно да се дојде до кракови на програми, бесплатно симнување на песни… не дека некој не го знае, но дали е нормално една телевизија да го направи тоа? Да потсетам само на спорот со The PirateBay.

Дали еден медиум, независно дали е на регионално или национално ниво, треба/смее да објавува начини за нелегално стекнување со програми и мултимедија за кои треба однапред да се плати? Дали некој го контролира тоа? Можеби советот за радиодифузија, или Агенцијата за електронски комуникации?

Sep 20 09

Среќен роденден, НомчеТа!

by nomce

Ете, и тоа дојде… мојот блог прави една година од своето постоење. Отворен е точно пред една година, на Google-овиот сервис Blogger.

Денес правев некои измени на блогот, го имав запуштено два месеци, главно затоа што бев во Франција, и имав други приватни обврски, поради кои немав ни една минтута време да му посветам на блогчево. Се надевам дека и понатаму ќе ме следите, со поредовни написи…

Сакам да им се заблагодарам на Вистина и Мкпровајдер (има линкови и десно), за доменот и хостингот. Поради чудниот сплет на околности, тогаш не успеав да ум се заблагодарам, па го правам тоа сега.

И да не заборавам: Среќен Рамазан!

П.С. За жал, неможам да го повратам никако последниот напис, подесував некои опции во WordPress-ов и го делитнав по грешка.
Сега испаѓа дека не сум бил активен цело лето.  :(

Jun 17 09

Ретроспектива… „Компјутер за секое дете“

by nomce

Решив да направам една мала фото рертроспектива на овој проект, кој најмногу не засега нас, средношколците.

Да видиме какви беа компјутерите на почетокот (1 септември 2008):

[nggallery id=1] (благодарност до white_eagle)

Да видиме какви се сега…

[nggallery id=2]

И, некаков коментар?

May 29 09

Linux под Windows?

by nomce

Буричкајќи низ нештото наречено Интернет, успеав да најдам линукс кој ќе можам да го уклучам директно под Windows, само тогаш кога ќе ми затреба.

Знам сеа ќе речите, стара финта нов будала, но не е тоа што мислите… виртуелизација.

Ќе објаснам една ситница, можеби не е клучна за да разграничиме што добиваме со ова што го најдов и класична виртуелизација: Класичната виртуелизација го прикажува „гостинскиот“ оперативен систем во посебен прозорец (или може да наместите и фулскрин, не е проблем, пример се VMware или Microsoft Virtual Machine), каде што вие буквално го користите оперативниот систем како што би бил основен (да не е „гостин“).

Со Cooperative Linux (или скратено, coLinux), гостинскиот оперативен систем се стартува како обична програма. Да, како програма. Со самиот старт на тој Linux (кој всушност не е ништо помалку или повеќе од стандардниот линукс, јас си го инсталирав последниот Ubuntu9.04, што ми стигна по пошта) се појавува терминалот.

Го стартувавме терминалот. Но, сепак линукс доаѓа со се графичка околина (барем поновите верзии). Таа можеме да ја добиеме со Xming серверот. Интернет? И тоа може.. Само кажете на кој начин (ги оставив во оригинал, мислам е појасно):

  • coLinux virtual network card -> Slirp virtual network adapter -> LAN or Internet
  • coLinux virtual network card -> Microsoft Loopback adapter (using winpcap) -> Hosting OS
  • coLinux virtual network card –> TAP virtual network adapter –> Hosting OS
  • coLinux virtual network card -> physical ethernet adapter (using winpcap) -> LAN or Internet
  • coLinux virtual network card -> TAP virtual network adapter -> Microsoft software bridge -> physical ethernet adapter -> LAN or Internet
  • coLinux virtual network card –> TAP virtual network adapter –> Windows Internet Connection Sharing –> pysical ethernet adapter -> LAN or Internet
  • coLinux virtual network card -> Microsoft loopback adapter -> Microsoft virtual bridge -> Wireless card -> LAN or Internet

Шематски приказ на виртуелизација на coLinux

Еве сликовито како тој функционира:

coLinux е всушност изменет Linux кернел (јадро на оперативниот систем), кој е модифициран така да работи кооперативно со друг оперативен систем. Оперативниот систем домаќин (Linux или Windows, сеедно) ја има контролата над физичките ресурси, а „гостинот“ има виртуелна апстракција на хардверот. Домаќинот мора да му дозволи на гостинот да користи драјвери, односно пристап до ring 0, и да му даде пристап до одредена количина RAM меморија.

Фајл системот на coLinux е всушност обичен фајл сместен во фајл системот на „домаќинот“. За Windows, тоа е само обичен фајл, но зa coLinux, тоа е целосен ext3 фајл систем каде што тој ги пишува и чита своите податоци.

Другите потреби на Linux кернелот, како мрежен пристап, се носат однадвор. Вмрежувањето е овозможено за coLinux со помош на TUN/TAP драјвер (а и немора со него, може и со winPcap, Slirp…). Накратко, тој ослободува место на мрежната картичка за да може оперативниот систем да праќа и прима податоци. Пристапот до екранот (како и со мрежата) е, како да кажам (прочитав некаде, proxied), по обиколни патишта. X серверот (погоре го спомнав) го овозможува протоколот преку кој видео излезот се праќа од еден оперативен систем до друг.

Овој начин на функционирање има единствена голема маана. Бидејќи coLinux има пристап до ring 0, тоа значи дека ако нешто непредвидено се случи со coLinux (крашне, што би рекле), го повлекува и „домаќинот“, така што целиот систем паѓа, и се појавува Blue Screen Of Death (BSOD, Синиот екран на смртта).

Како да го подготвам да функционира сево ова? Нема да да ви го комплицирам животот со конфигурирање на coLinux, затоа што постои многу поедноставна варијанта – Portable Ubuntu. Ова е целосно конфигуриран coLinux, подготвен (по отпакувањето) веднаш да биде стартуван и користен. Го отпакувате каде сакате (па дури и на USB), и го стартувате фајлот run_portable_ubuntu.bat. Толку е. По кратко време се појавува графичката околина, која е составена од горната лента на Linux-от. Сите програми што се стартуваат преку линуксот се појавуваат во taskbar-от на windows, така да нема потреба од паника :D

За крај, еве една слика како тоа изгледа (клик за поголема):

Ubuntu на Vista

Директен download (преку SourceForge.net) тука.

May 16 09

Wolfram Alpha

by nomce

Ова е името на новиот пребарувач од Wolfram, фирмата која стои зад мега популарниот „Mathematica“. Не дава листа на врски, како гугл и другите пребарувачи, туку одговара на (ајде, така да ги наречам) прашања. Значи, ако ви треба некој одговор (колку жители има тој и тој град, колку метри е еден инч  и слично, па можеби решавање и цели задачи (поедноставни засега :) ) трк до Wolfram Alpha.

P.S. Мислам дека може да му стане добар конкурент на Google  :)